Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне
Завршни настани од европскиот проект „Зелен Кајак”, воден под мотото „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!”.Во рамки на настаните, во Струга ќе биде организирана Меѓународна натпреварувачка кајак регата, со учество на клубови од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.
На 23 и 24 Септември 2023, во Струга, ќе се спроведат финалните проектни активности во организација на Кајак кану клубот ДРИМ од Струга. Во Сабота, со почеток во 10ч. на „Машка Плажа” во Струга ќе се одржи Еколошка работилница за сите заинтересирани посетители на настанот.
Потоа следи Еко-регата во која учество земаат сите поединци кои поседуваат опрема за веслање (СУП, кајак, кану). Ќе се чисти крајбрежниот појас на Охридското езеро и реката Дрим, а победник е оној кој ќе собере најголема количина на отпад за зададено време.Предвидени се и Мини обуки за управување на кајак за сите заинтересирани посетители на настанот, а спроведени од професионални тренери од Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија.
Во недела 24-ти септемцври, со почеток во 10ч. од АС камп во Струга ќе се одржи Меѓународна натпреварувачка кајак регата. Учесници во регатата се кајак клубови од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.