Skip to main content

Бојкот на првиот час и скратени часови во основните училишта во Струга

Од училиштата изразуваат надеж дека преговорите помеѓу локалната од Струга и ЕВН Македонија ќе бидат успешни, со цел нормализирање на условите во кои се држат часовите.

 |  Мишел Наумоски  | 
braka miladinovci

Без струја, со рачно ѕвоно кое го означува почетокот на часовите, без неопходните компјутери и интернет конекција потребни за функционирањето на училиштата.

ou braka miladinovci strugaСтрушките основни училишта продолжуваат со функционирање во овие отежнати услови. Основците од „Браќа Миладиновци“ според најавеното денес го бојкотираа првиот час од наставата, додека останатите часови ги држеа скратено со цел да се заврши пред да падне првиот мрак и со тоа да изчезне и последната надеж за нормална настава. Од таму велат дека се надеваат на скоро решавање на проблемот. Слична ситуацијата и во основното училиште „Јосип Броз Тито“. Директорот на ова училиште, Тони Савески, во телефонски разговор не информираше дека скратени часови се одвиваат и во ова училиште. Савески вели дека за утрешниот ден се предвидени преговори на локалната од Струга со ЕВН Македонија со цел нормализирање на состојбите во струшките основни училишта.

struja skoliСпоред Савески сеуште постои поделеност кај родителите околу тоа дали да се продолжи со настава со скратени часови или пак да настапи целосен бојкот на наставата до нормализирање на состојбите. За утрешниот ден, Савески вели дека имаат закажано и совет на родители на кој меѓу другото ќе дискутираат и по ова прашање. Пред само два дена, градоначалникот на Струга, Зијадин Села изрази подготвеност доколку тоа биде договорено со ЕВН Македонија, локалната на рати да го исплаќа не само досегашниот долг од 6 милиони и 300 илјади денари, туку и новонастанатиот долг од 2 милиони денари поради блокираните сметки на основните училишта. Инаку за денес и утре беше најавен бојкот на првиот час во основните училишта, додека за од понеделник и целосен бојкот на наставата.