Skip to main content

Борис Трајанов во Струга

Струга има многу надарени млади кои во душата ја носат музиката. Ова е ставот на оперскиот пејач Борис Трајанов, кој денес преку аудиција имаше можност да ги слушне.

 |  Билјана Колоска  | 
Boris Trajanov
Борис Трајанов
Струга има многу надарени млади кои во душата ја носат музиката. Ова е ставот на оперскиот пејач Борис Трајанов, кој денес преку аудиција имаше можност да ги слушне.

Вечерва во центарот за култура ќе одржи хуманитарен конерт.Македонија важи за држава во која живее музикален народ,  посебно млади кои имаат чувство за операта, вели Борис Трајанов. Ова се докажа и денес, кога тој лично имаше можност да ги слушне талентираните стружани. Негова општа проценка е дека во овој град има капацитет за класичната музика.

Boris TrajanovНа аудицијата во Струга, своите способности пред трајанов ги покажаа многу млади. Меѓу нив бепше и 15-годишната Ерзана Сулејмани. Таа во иднина се гледа како оперска певица. Оваа можност за покажување на своите квалитети и е од големо значење.

Покрај аудицијата, во Центарот  на култура „Браќа Миладиновци“, Борис Трајанов  одржа и  едукативно предавање пред учениците. Тој објасна што е операта, каков е процесот на една оперска претстава.
Ваквите предавања се добредојдени за сите ученици  кои се заинтересирани за уметноста, но за жал во Струга нивниот број е многу мал, велат наставниците по музичко образование.

Борис Трајанов вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Стрга ќе одржи хуманитарен концерт.

Денешната посета на Борис Трајанов е дел од турнеата во градовите на  Македонија. Струга е 15-ета по ред.

 

{loadposition content9}