Со божествена Ѓурѓовденска литија Струга денес се поклони на патронот Георгиј Победоносец.
Голем број верници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица со чудотворните мошти на светителот и Карниниската икона на Богородица го осветија градот на мостовите.
Силно го излеваат својот благослов овде меѓу нас и придонесуваат за сеопштата радост. Велат сеопшта и сенародна бидејки околу оваа еордија е обединета целата наша земја и соседните простори. Христос Воскресе! – вели Ефимија, монахиња од Рајчица.
Стружани од најмладо до најстаро, велат овие денови во срцата им се буди духовна радост, ја чувствуваат милоста на светителот.
Сите сме среќни и исполнети и сме сведоци на овој настан, среќна, горда и радосна сум што сум православна христијанка – вели една верничка.
Навистина преубаво е чувството им испраќам на сите љубов, благодат. Христос Воскресна – вели еден верник.
Не само балканска литијата, туку доаѓаат луѓе од Австралија, Америка иселеници кои сакаат да присуствуваат на оваа прекрасна литија се радува Свети Горгиј – вели друга верничка.
Овој величествен духовен настан, денес една од најголемите литии на Балканот, се негувала пет векови, а е возобновена последниве тринаесет години.
На овогодинешната литија во Струга присуствуваше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, како и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
Извор/ОхридНет