Предлог буџетот на Општина Струга за 2009-та година под лупа
Истиот денес беше на јавна расправа. Не се дискутираше многу околу распределените средства.
Предлог буџетот на општина Струга за следнава година ќе изнесува 729.467.696 денари. Од него, основниот буџет изнесува 317.760.000 денари, со самофинансирачки активности предвидено е да се обезбедат 9.831.000 додека буџетот од дотации да изнесуваа 397.876.969 денари. Од овие средства колку и за кои активности ќе троши општината, надлежните образложија на денешната јавна расправа по предлог буџетот за 2009 година.
„Планираме да го изготвиме проектотза патеката Струга-Ташмаруништа, како и проектот за пазар во источниот дел на Струга. За таа намена ќе се потребни 650.000 денари, додека 5.000.000 денари за уредување на деловни индустриски зони“-кажува Елизабета Гагоска- општина Струга.
Владислав Жупан од секоторот ЛЕР кажува дека за урбана опрема(набавка на клупи, канти, патокази) се обезбедени 640.000 денари, додека за одржување на јавното осветлување се предвидени 5.000.000 денари.
На денешната јавна расправа по предлог буџетот на општина Струга присуствуваа претставници на невладини организации, како и дел од првите луѓе на државните институции. Не дадоа конктетни забелешки во однос на изготвениот буџет.
„Да ни го дадоа и годинешниот извештај од буџетот, тогаш можеше да направиме паралела и да утврдиме кои се недостатоцие или предностите на овој предлог буџет“-истакна Џевит Зиба, директор на Завод за вработување Струга.
Присутните дадоа позитивен коментар за тоа што општината води сметка и одвојува средства за лицата со интелектуална попреченост од центарот „Порака“. За нивните потреби општината планира да издвои над еден милион денари.По денешната јавна расправа за предлог буџетот, истиот ќе биде изнесен пред струшките советници. Тие во понеделник ќе го имаат последниот збор, дали истиот е добро изработен.
{loadposition content9}