Цаноски порача да се гласа за човек а не политичка партијa
Етничките делби веќе се минато вели градоначалничкиот кандидат, Фијат Цаноски.
Тој на прес конференцијата потенцира оти доколку тој биде прв човек на Струга ќе работи во интерес на сите граѓани.
„Не е вистина дека гласачите кои благодарение на нив влегов во втората трка, ми ја дадоа довербата бидејќи парично сум им помогнал“- демантира Цаноски.
Тој порача граѓаните да не подлегнуваат на никакви притисоци и својот глас да го дадат за личност, а не партија, човек кој нуди добра екипа и уште подобра програма. Нека граѓаните добро размислат кој е подобар и поквалитетен кандидат и нека го дадат свој гласот за него, вели Цаноски.Тој ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање и во втриот круг, кога и очекува победа. Ќе имам многу повеќе гласови од колку што се надева мојот против кандидат, додава тој.
{loadposition content9}