Се чешла документацијата во општина Струга
Два дена инспектори од Министерството за транспорт и врски во Локалната самоуправа ги гледаат дел од објектите за кои има индиции дека се дивоградби. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека после одземените ингеренции на општинскиот градежен инспекторат за предметот Г. Белица, тој и понатаму стои до неговата изјава дека нема да прими инспектори за предметот Г. Белица бидејќи тоа според него било незаконски. Мерко рече;
„Истото го тврдам и понатаму, значи за предметот Г. Белица го подразбирам како завршен предмет бидејќи за истиот негде пред 30 дена има жалба и за истиот нема одговор од страна на второстепената комисија за жалби. Бидејќи нема одговор тоа значи дека молчи администрација и истиот предмет е завршен. Во никој случај не отворам таков предмет на увид на градежната инспекција од државниот градежен инспекторат“
Мерко рече дека нема право да се меша и да навлегува во работата на државниот градежен инспекторат. Тој рече дека инспекторите при Министерството за транспорт и врски имаат отворен терен за увид на нелегалните објекти во општина Струга
Ставот на Мерко во врска со изградбата на Џамијата во Горна Белица, иако се испостави дека истата е нелагална, останува непроменет. Тој рече дека инспекторите кои таму одат на увид можат само да се клањаат, бидејжи џамијата е во функција и тој предмет засекогаш е затворен. Мерко исто така рече дека стои зад сите одобренија за градба кои ги има издадено локалната самоуправа на Струга, а се друго останува на одговорност на граѓаните кои решиле нелегално да градат.
{loadposition content9}