Skip to main content

Четири лица повредени во тешка сообраќајка во Струга

На 26.08.2021 во 08.25 часот било пријавено дека во Струга, на регионалниот пат Р1208 се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(39) од Дебар и патничко моторно возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(42) од Охрид.

 |   | 
Полиција

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил А.Р., двајца сопатници од истото возило Х.Р.(36) од Охрид и Л.Ц.(42) од с.Пештани и уште еден сопатник од патничкото возило “фолксваген голф“, Ј.А.(41) од Дебар констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“во Охрид – информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.