Skip to main content

Цигарето и кафето пар создаден за танго

Струшките кафулиња под клуч. Тие денес се придржуваат кон иницијативата на угостителите при Сојузот на стопански комори на Македонија, со цел да го изразат незадоволството и несогласувањето со постоечкиот Закон за заштита од пушењето.

 |  Николоска Биљана  | 
kafe bar enterier
кафе бар ентериер

Струшките кафулиња под клуч. Тие денес се придржуваат кон иницијативата на угостителите при Сојузот на стопански комори на Македонија, со цел да го изразат незадоволството и несогласувањето со постоечкиот Закон за заштита од пушењето.

kafe barУтрово осамнаа празни простории на кафулињата во Струга. Редовните и случајните муштерии со доза на резева проверуваа од врата на врата по кафулињата несвесни дека 24 часа нема каде да се сретнат со најблиските и да разменат по некој лав муабет. Класична хајка во угостителството. Да не се вулгаризира кафаната како институција, порачуват кафанџиите. Под мотото „демократијата е право на избор и дајте им право на нашите гости“, угостителите од Струга го искажаа револтот поради Законот за заштита од пушењето. Сопствениците на кафулињата во Струга задоволни од првите показатели на бојкотот. Ставре Гоџо сопственик на кафуле вели дека нивната дејност испаднала најголема жртва и виновник за целата приказна околу борбата против пушењето.
Јованоски Методија-Теди, и тој во својство на сопственик на кафетерија во Струга, вели дека се на нишан на секој нов закон или измена и дополнување.
Грѓаните пак велат дека нашата земја секогаш за влез во Европа ги користи најстрогите законски норми, но луѓето кои биле во било која од европските земји добро знаат како е регулирано тоа.
Сепак после овој 24 часовен штрајк очекувањата на сопствениците на кафулињата се дека дел од релевантните фактори ќе се отрезнат. Треба да разберат дека кафулињата како институција се цел еден ланец кој функционира со многу пропратни компоненти без кои не може ни едното ни другото.
На актуелната влада добро и е познато дека во суштина кафулињата се местата каде луѓето одат од немајкаде. Доколку би имало развиени спортски центри, базени, тениски терени поверојатно е дека луѓето помалку би пушеле, им сугерираат сопствениците на кафулињата на ресорните министерства.

{loadposition content9}