Skip to main content

“Cinemania” по втор пат во Струга

Овој пат, со ново име и различна содржина.Посетеноста ги надмина очекувањата на организаторите.

 |  Коловска Билјана  | 
Cinemania
Cinemania

Овој пат, со ново име и различна содржина.Посетеноста ги надмина очекувањата на организаторите.

CinemaniaВо Струга по втор пат филмски фестивал. Наместо ланскиот американски филм ноар, годинава се одржува истиот фестивал, но под име “Cinemania”.

Измената е направена бидејќи на тој начин  имаме поголема слобода во изборот на филмови, појаснуваат организаторите. Фестивалот се одржува на отворено, во некогашната Кино бавча, при Дом на Култура.

За разлика од лани, годинава измени има во изборот на филмови и траењето на фестивалот. Ќе се одржува  16 дена, а секоја вечер од 21 часот се прикажува различен филм.Филмовите кои се во програмата се од  врвни режисери, како Стенли Кјубрик, Педро Алмодовар, Бернардо Бертолучи, Дејвид Линч, Лук Бесон, Мартин Скорсезе, и други. За овие 4 дена, посетеноста на фестивалот е голема, доаѓаат посетители од различни возрасти и профили, велат организаторите. Не размислувале, дали истиот во иднина ќе  прерасне во  реномиран филмски фестивал.

„Важно ни е дека млади луѓе доаѓаат, со внимание ги следат филмовите и потоа дискутираат за содржината. Го постигнуваме ефектот, филмскиот фестивал да побуди интерес кај граѓаните“-вели организаторот Ставре Гоџо.
Инаку, официлајното затварање на фестивалот ќе биде на 4-ти август. Организаторите за до година најавија прикажување на македонски но и филмови од продукциите на бившите југословенски простори.

{loadposition content9}