Skip to main content

Општина Струга најави акција за чистење на градот од урбана опрема со истечена дозвола

Од Општината ги повикуваат сите сопственици на тезги и друга урбана опрема, кои немаат важечка дозвола за користење на јавните површини, самостојно да ја отстранат поставената опрема.
 |  инфодеск  | 

Општина Струга во наредните денови ќе спроведе акција за чистење на градот и ослободување на јавните површини од урбана опрема за која е истечена дозволата за користење.

Од Општината ги повикуваат сите сопственици на тезги и друга урбана опрема, кои немаат важечка дозвола за користење на јавните површини, самостојно да ја отстранат поставената опрема.

Во спротивно, опремата што ќе остане на јавните површини ќе биде отстранета од страна на Општина Струга.

Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните за заедничка грижа за градот, одржување на чистотата и уреденоста, како и почитување на јавните површини што им служат на сите граѓани.

Целта на акцијата е да се обезбедат чисти, слободни и пристапни јавни површини, а од Општината бараат разбирање и соработка од сите засегнати страни.