Skip to main content

Црн Дрим прекриен со отпадоци

Еколозите велат дека состојбата не е за оценување, туку за потценување. Никој нема надлежност за да ја исчисти реката:- службите меѓусебно си ја префрлаат вината.

 

 |  Билјана Ќосеска  | 
Еколозите велат дека состојбата не е за оценување, туку за потценување. Никој нема надлежност за да ја исчисти реката:- службите меѓусебно си ја префрлаат вината.

Пластични шишиња, кеси и облека,  се само дел од отпадоците со кои е прекриена реката Црн Дрим. Фактичката состојба со хигиената на реката  излезе на виделина откако овие неколку  дена се спуштени клапните од браната,  на истекот од езерото. Состојбата со реката е загрижувачка, особено на потегот од металната клапна па се до местото викано „Даљан“. На ова реагираат еколозите, кои сериозно се загрижени за моменталната еколошка ситуација на Црн Дрим. Мате Гогоски од еколошкото друштво „Енхалон“ потенцира, дека е навистина жално да се уништи еко-системот на реката и воопшто за тоа да нема никаква реакција од надлежните институции.

Гогоски потенцира дека по секоја цена надлежните мора да посветат поголемо внимание за еколошката состојба на реката. Црн Дрим од истекот на езерото па се до металната клапна е исчистен и со тоа кај туристите се остава впечаток дека хигиената е на високо ниво, но за жал фактичката состојба го покажува спротивното.

Според Гогоски, за тоа освен луѓето, вината треба да ја поделат локалните, но и државните институции.

До катастрофалната еколошка состојба на реката доаѓа пред се, поради префрлање на надлежностите помеѓу службите. ТВМ побара став од Локалната самоуправа од Струга, кој од нив е надлежен и дали воопшто се превземаат мерки да се спречи загадувањето на Црн Дрим, но од таму ни рекоа дека тоа не е нивна обврска. На истото прашање, одговор побаравме од „ХЕЦ- Глобочица“ и го добивме истиот став како и од Локлалната самоуправа. Останува енигмата, дали воопшто постојат служби кои имаат обврска да го исчистат овој дел од реката Црн Дрим.