Skip to main content

Да не се запоставуваат руралните средини

Идните градоначалници препорачливо е да почнат со работа од руралните средини.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого
Треба да умеат правилно да ги искористат станските инвестиции. Ова се дел од приоритетите кои се неопходни за развој на еден град, порачаа универзитетски професори на трибина во Струга.

На Струга и треба вреден менаџер. Човек кој ќе знае на прав начин да ги искористи 4-те  години од неговиот мандат, за градот да доживее вистински напредок. Конкретно за овој град, работите намесо да одат во нагорна линија тие тапкаат во место, посебно во катастрофална состојба се руралните средини, велат стручните лица. Струга е голема општина, според истражувањата, локалната самоуправа со децении ги запоставува руралните средини за разлика од урбаните делови, вели професор доктор Илија Тодоровски.

tribinaЗа развој на секоја општина е важен економскиот сегмент, вели доцент доктор Мерсел Билјали. Градоначалниците треба да умеат да ги искоритстат двата клучни проекти: „Амбо“ и „Коридор 8“. Тоа се големи инвестиции, и значаен фактор за еконосмки развој на секоја општина, вели Билјали. Локалната самоуправа заеднички со централаната власт треба да знае на кој начин да го издигне градот, додава тој.

Проблем со кој се соочува секоја општина е невработеноста. Секој граѓанин кој бара работа треба прво да затропа на вратата од локалната самоуправа. Законот за работни односи е еден од приоритетите кои треба да ги почитува локлната самоуправа.
На овие и останати теми поврзани со работењето на секоја Локална Самоуправа се дискутираше на трибина во Струга. Трибината ја огранизира Фон-факултетот под наслов „Функционирање на системот на локална самоуправа во Струга“.

 

{loadposition content9}