Дали црква може да биде дивоградба?
Жителите во Октиси се скараа поради изградба на црква.
Македоците со документи докажуваат дека земјиштето на кое градат е црковно и дека имаат одобрение за градба. Македонските муслимани пак тврдат дека верскиот објект кој досега постоел на ова место бил дивоградба.
Изградбата на црквата св. Атанасија во с. Октиси ги скара жителите во ова село. Од црковниот одбор покажувајки уредна документација се жалат дека денеска биле стопирани во градежните зафати за изградба на црквата.
„Имаме одобрение за градба, за локлација потпишани од градоначалникот Рамиз Мерко. Овие докумнти може да ги оспори само судот во Струга или Скопје. До овој момент немаме добиено решение за стопирање на грдбата.Утрово не повикаа во полиција и нас и другата страна каде ни беше кажано дека наводно градоначалникот издал решение за забрана, вели Гоце Главинчески.
Од црковниот одбот тврдата дека во селото и покрај тоа што е поделено на македоци и муслимани, досега немале инциденти од ваков карактер.
Денешното прекинување на градежните зафати ги вознемири и постарите жители на селото .
„Овој простор е узурпиран во 1974 год. Црквата не можела да го заведе како свој имот, поради тоа го регистрирла како црковно историски споменик“, вели Невзад Рамаданоски.
„Целата работа околу изградбата на црквата е лага. Ако се докаже дека местово е црковно, јас прв ќе им речам со среќа да ви е“, вели Бакал Шајноски.
Шајноски тврди дека земјиштето на кое се гради црквата е државен имот и дека треба истиот да му се врати на општината.
Градоначалникот Рамиз Мерко пак во телефонски разговор признава дека локалната направила грешка при издавањето на дозволата за градба и дека во договор со жителите од македонска веросповед градбата ќе биде прекината. Во меѓувреме иницијативниот одбор може да поднесе ново барање за градба на црквата СВ Атанасија, вели Мерко.
{loadposition content9}