Дали има надеж за струшките плажи
Дали има надеж за спас од уривање на диво изградените објектите на струшките плажи. Градоначалник Зијадин Села и министерот за транспорт и врски, Мисајловски оствариле средба со цел изнаоѓање решение за овој проблем.
Дали има надеж за спас од уривање на диво изградените објектите на струшките плажи. Градоначалник Зијадин Села и министерот за транспорт и врски, Мисајловски оствариле средба со цел изнаоѓање решение за овој проблем.
Струшкиот градоначалник Зијадин Села и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски оствариле средба со цел изнаоѓање решение за проблемот со диво изградените објекти на струшките плажи. Откако на 18 ти овој месец истече привремената мерка која ја донесе Струшкиот Основен Суд за забрана за уривање на објектите на струшките плажи, по што концесионерите требаше целосно да ги отстранат нелегалните барови, шанкови и другите останати градби долж езерското крајбрежје во Струга цело време во воздухот лебди прашањето дали и кога Села ѓе започне со нивно рушење. Иако концесионерите на струшките плажи се согласуваат дека од правен аспект постапката на градоначалникот за отстранување или рушење на објектите е исправна, бараат поголема толеранција од градоначалникот.
Објаснуваат дека дел од вината треба да сноси државата, односно Министерството за транспорт и врски. Велат дека доколку државата, односно инспекциските служби реагирале кога почнале да градат уште првата година и ги стопирале во тоа, сигурно немало да инвестираат толку средства и да се доведат во ваква незавидна состојба. Признаваат дека и тие направиле грешка бидејќи кога ги потпишувале договорите за концесија не реагирале на краткиот временски период од 5 години, којшто им е доделен за стопанисување со плажите.