Skip to main content

Давачка плус за стружани

Индивидуалните станоиздаватели во Струга еднократно ќе плаќаат 3000 ден комунална такса за вишок смет. Оваa предлог одлука коалицијата на власт ја изгласа на 18-тата седница на струшкиот Совет.

 |  Билјана Николовска  | 
Struga
Струга
StrugaВо Струга состојбата хаотична и во сферата на туризмот. Дел по дел се обелоденуваат информации кои најмалку говорат дека се брани интересот на граѓаните во Струга. Нов шок за стушката јавност е паушалот од 3000 денари кој индивидуалните станоиздаватели треба еднократно да го уплатат на сметката на комунално. Градоначалникот Рамиз Мерко не признава дека има хаос во оваа сфера, напротив тој тврди дека струшкиот сектор за туризам добро функционира, иако сеуште не знае колку пари од  туристичка такса се наплатени годинава.
Од огранокот на ДПА сметаат дека оваа одлука на струшкиот Совет граѓаните нема да ја прифатат, бидејќи во Струга нема категоризација на приватните станоиздаватели. Љуљзиме Зулали советник од оваа политичка опција вели дека хаосот во Струга не е ништо ново.
Зулали изненадена е од индолентноста на ЈП Комунално од Струга, каде се обратиле да прашаат врз основа на што бараат паушал. Таа се чуди на одговорот кој што го добила таму како член на комисија, дека бројот на туристите и наплатената туристичка такса ќе ја кажат поштарите и соседите на станоиздавателите.
Одговорниот на Секторот за туризам не не удостои со одговор за потребните информации, за кои јавноста во Струга треба и има право да знае. Тој не само што го одбегна објективот на камерите, туку не сакаше да оствари ниту било каква комуникација со нас новинарите како одговорен на овој сектор.
{loadposition content9}