Skip to main content

Дебата на МОСТ за еколошките прашања во Струга

„Во рамки на проектот Мобилен Парламент, Граѓанската Асоцијација МОСТ организира јавна средба на тема: „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Струга.“

 |  Мишел Наумоски  | 
most

most debataЦелта на настанот е преку директна комуникација со избраните претставници отворено да се разговара за овие прашања со оглед на фактот дека ова се прашања кои ги засегнуваат сите граѓани на Струга. Загадувањето на животната средина од локалната депонија негативно влијае и на здравјето на граѓаните како и на економскиот развој и туризмот во регионот. Дополнително загрижувачки се и последните информации за загадената вода за пиење. Дебатата е јавна и на неа можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. На дебатата ќе говорат пратеници, како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, а поканети се и претставници од локалната самоуправа.

Дебатата ќе се одржи на 17 ноември 2015 година (вторник) во хотел Дрим, со почеток во 18:00 часот.

Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.“