Дебата наместо насилство
Дебата наместо насилство. Под ова мото учениците од различни етникуми од СОУ „Нико Нестор“ докажаа дека во ова училиште владее разумот, толеранцијата и дека не постои повеќе меѓуетничката нетрпеливост. Тие денес во знакот на одбележување на американскиот празник Hallowen се забавуваа под маски а дел од нив беа и наградени.
Ден за дружба меѓу учениците од различни етникуми во Средното општинско училиште „Нико Нестор“, Струга. Под маска, добра забава и дружба учениците од ова училиште покажаа дека во училиштето владее соживот и сите немили настани остануваат во минатото, како што нагаси директорот Никола Затуроски.
„Нико Нестор од 2008 година навака како училиште ги нема тие инциденти повеќе што се наназад. Затоа би сакал и вие лично како медиуми да се заложиме максимално да ја пренесуваме информацијата и позитивниот дух на нашево училиште дека владее разумот пред се толеранцијата и години наназад ја нема онаа меѓуетничка нетрпеливост“ – вели Затуроски.
Денешниот настан во Нико Нестор беше поддржан и од Американското катче во Струга, кои на покана на наставниците по англиски јазик учествувале во изработка на маските. Најдобрите маски на крајот на настанот беа наградени.
{loadposition content9}