Skip to main content

Дечиња во Струга инклузивно се дружат и стекнуваат вештини за ориентација, пливање и нуркање

Целта на проектот е поттикнување физичка активност и социјална инклузија,како и меѓусебна соработка, јакнење на самодоверба и развивање на натпреварувачки дух кај децата.
 |  инфодеск  | 

Младите од Струга учат ориентација и нуркање. Деца со и без физички недостатоци заеднички се дружат и стекнуваат вештини за ориентација во природа , пливање и нуркање. Децата имаат можност да научат нова моторичка активност како ориентирање со нуркање на сигурен, забавен и инклузивен начин. Да стекнат способност за ракување со компас и читање на мапа за ориентирање. Предвидени се методолошки структурирани активности вон и во вода, изработени и реализирани од страна на високостручен и академски едуциран кадар од областа на спортот.

Целта на проектот е поттикнување физичка активност и социјална инклузија,како и меѓусебна соработка, јакнење на самодоверба и развивање на натпреварувачки дух кај децата.

„Ќе бидат обучени да се ориентираат пред се а потоа и да нуркаат да изнаоѓаат предмети кои што претходно ќе бидат скриени во плитка вода. Одзивот е навистина голем, ние распишавме конкурс за учесници и уште првиот ден се пополна бројот. Како план за иднина иамме да го продолжиме како засебен клуб како засебан активност каде што ќе вклучиме што поглем број на деца”, вели Коста Хиохи професор по физичко орбазование и воспитание.

Проектот ќе трае цела година а со него ќе бидат опфатени деца на возраст од 08 до 14 години, кои ќе добијат и соодветна опрема за нуркање.

„Најпрво е инклузија на децата со физички недостатоци со здравите деца, да се вклучат во заеднички активности нели го ловиме тој социјален момент пред се. Но секако да бидат активни да бидат исполнителни да бидат креативни а секако и да знаат да се ориентираат природа, користејќи компас користејки ги природните феномени и во секој случај да се забавуваат и да си поминат едно убаво заедничко време”, додава професорот Хиохи.

Активностите на вода ќе се одвиваат во текот на летото во Охридското езеро но и во затворениот базен. Проектот „Ориентација со нуркање” е поддржан од Европската Унија од спортската програма Еразмус плус.

Новинар Соња Рилковска