Денес и во Македонија се одбележува и меѓународниот ден на мирот
Денес освен празникот на муслиманите, Бајрам и на православните „Мала Богородица“, се одбележува и Меѓународниот ден на мирот. Ретко кој од граѓаните знаат за неговото одбележување.
„Подобро од мир во светот, нема ништо. Наместо пукање, насекаде да се слуша смеа и радост. Сите заедно да сме на страна на мирот. За жал на овој ден забораваат сите“, вели нашиот соговорник борецот Венјамин.
За празнување на овој ден не заборавија членовите на Сојузот на борци од Струга. Скромно, со марш по градот го означија Меѓународниот ден на миро.
Инаку, Меѓународниот ден на мирот се одбележува од 1982 година, но масовно тоа се прави од 2001 година, кога Генералното собрание на ОН, со посебна резолуција, го прогласи 21-ви Септември за Меѓународен ден на мирот.
{loadposition content9}