Skip to main content

Денес се слави Мала Богородица

Православните христијани денес го прославија празникот на раѓањето на „Пресвета  Богородица“.

 |  Колоска Билјана  | 
praznik
празник
Православните христијани денес го прославија празникот на раѓањето на „Пресвета  Богородица“.

Манастирот во Калишта беше преполн со верници. Се пали свеќа за здравје и среќа.

Sv.BogorodicaПразникот на раѓањето на „Пресвета Богородица“ ги собра верниците од Охридско-струшкиот регион на едно место. Вообичаено, манастирот во Калишта од синоќа е светилиште кое ги соединува верниците од сите возрасти, од најмало до најстаро.  Верниците палејќи свеќа се молат за здравје, бериќет и среќа.

„Пресвета Богородица“ им помага на жените кои години наназад немаат деца, и оние кои се лечат од различни болести. Верниците најчесто по сон доаѓаат  ноќта наспроти денешниот ден, и преспиваат во пештерската црквичка, со надеж дека „Пресвета  Богородица“, ќе ги слушне нивните молби и ќе им помогне.  
Сите тука доаѓаме бидејќи сме верници, а некој очигледно ги злоупотребуваат ваквите празници.

Зад објективот на нашата камера, за дел од верниците кои утринава го посетија манастирот, невообичаено е света вода да се купува со пари.

За  ваквите реакциите на дел од верниците, оние кои ја продаваат светата вода појаснуваат дека истата не се купува со пари, туку тие им наплаќаат на луѓето само за шишенцето во кое има осветена вода.
Стружани коментираат дека ваквите ситуации даваат лоша слика за посетителите, посебно за туристите кои беа присутни во голем број.

{loadposition content9}