Дефицит на дефектолози во Струга
Менаџирање со попреченост на локално ниво. На оваа тема, претставници на Сојузот на дефектолози на Р. Македонија, одржаа предавање пред стручните лица кои работат со децата кои имаат некаков вид на попреченост во развојот.
seminar
Само еден дефектолог на подрачјето на општина Струга се справува со децата кои имаат посебни потреби. Овој податок навистина е загрижувачки, со оглед на тежината на работата со која се соочуваат ваквите стручни лица. На територијата на општина Струга има голем број на деца со посебни потреби и еден дефектолог невозможно е да се справи со нив, вели Благица Чочороска, дипломиран дефектолог.
Потребите на лицата со посебни потреби се големи и комплицирани, вели Мустафа Калиќи, директор на Општинското основно училиште од селото Октиси. Тој додава дека и покрај нивниот максимален ангажман, не успеваат во потполност да одговорат на нивните потреби.
Проектот за делување на дефектолозите во една локална средина има своја позитивна, но и негативна страна, вели Анита Гаговска од дневниот центар „Порака“. Таа додава дека не може да се настапи без претходно да се согледаат реалните потреби на овие лица во една локална средина, што во овој случај не било направено од страна на Сојузот на дефектолози на Р. Македонија.
Претставниците на Сојузот на дефектолози на Р. Македонија, велат дека добро е што ги слушнале проблемите на оние кои работат со лицата кои имаат посебни потреби, како во иднина би можеле да им сугерираат на локалните власти, што треба локалната во својата годишна програма и планирање на буџетот да направи за овие лица. На ова предавање се согледаа неколку факти, односно, се наметна потребата од поставување на звучни семафори, пониски тротоари, специјални мини буси за превоз на лицата со попреченост и други работи кои би го олесниле животот на овие лица.
{loadposition content9}