Манифестација

Дејвид Гир во посета на Вевчански карневал

Амбасадорот Дејвид Гир го доживеа звукот на зурлите и тапаните, различните маски, персонификации и обичаи во еден различен битов амбиент.
 |  инфодеск  | 
Вевчански карневал

Делегација од Европската унија, предводена од евроамбасадорот Дејвид Гир беше во посета на Општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочовски, а воедно и на Вевчанскиот карневал.

На средбата беше разговарано за напредокот на Општина Вевчани и поддршката која во иднина ќе ја добие општината од Европската Унија.

Дејвид Гир

Го посетивме „Вевчански карневал“, кој се одржува по повод Новата година според стариот календар. Со над 1.400-годишна традиција, карневалот е манифестација исполнета со забава, сатира, бои и музика. Амбасадорот Дејвид Гир го доживеа звукот на зурлите и тапаните, различните маски, персонификации и обичаи во еден различен битов амбиент! Благодарност до градоначалникот Кочовски за обиколката околу ова планинско село, претворено во исклучителна карневалска театарска сцена – напишаа на официјалната страна на Делегацијата на Европската унија-Скопје, а притоа објавија и фотографии од Вевчанскиот карневал.

Погледнете дел од атмосферата на Вевчански карневал 2023 година.

Вевчански карневал
Вевчански карневал
Вевчански карневал
Вевчански карневал
Вевчански карневал
Вевчански карневал
Вевчански карневал
Вевчански карневал
Вевчански карневал

Фото/Делегација на Европската унија-Скопје

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top