Уметничките дела со срма сеуште го чуваат духот на македонската традиција
Повеќе од дваесет години, Викторија Симакоска од Струга твори уметнички слики во специфична сликарска техника. Нејзините уникатни слики изработени со срма пленуваат и никого не го оставаат рамнодушен.
Така беше и синоќа на групна изложба каде што Симакоска изложи само мал дел од она што макотрпно го создале нејзините вредни раце. Нејзиниот штанд ги плени посетителите.
Симакоска за своето творештво вели се започна случајно. Посакала брошот подарок од нејзината баба, чие име го носи, да го извезе со срмен конец. Потоа спонтано се создавале бројни слики со најразлични мотиви. Покрај филигрнаски мотиви, таа ја изработува и пеперутката како македонски заштитен симбол. Создава и слики со христијанскиот симбол крстот, икони и различни портрети на историски личности. Нејзините слики се препознатливи од едноставното лепење на филигранот, па се до слики со сложен, слоевит рељеф.
„Изработката е макотрпна и тешка. Најпрво на подлога се изработува основата, па се нанесува дизајнот на саканата боја, се црта и работи филигранот,во зависност од то адали е обичен или рељефен“, кажува Симакоска.
Викторија Симакоска е член на матичното здружение на занаетчии од Струга. Преку организација на занаетчиите имала можност повеќе да научи за филигранот од германско здружение на занаетчии, а при тоа и да замине со награда.
Симакоска нејзините уметнички дела, изработени во оваа специфична техника со срма, ги има преставено на бројни изложби. Изложувала со здружението на занаетчии во Струга, Охрид, Скопје, Битола и во поголемите градови од Источна Македонија. Добитник е и на голем број награди од Здруженито на занаетчии така и од Министерството за култура.
{loadposition content9}