Skip to main content

Демне опасноста од епидемија на морбили во струшко

По откривањето на првиот случај со мали сипаници во Лабуништа , шестгодишно дете, кое е хоспитализирано,  откриени се уште пет невакцинирани деца. Од ЦЈЗ  велат нема точен увид во списокот на имунизација,  бидејки се работи за печалбарско село од кое населението често мигрира.
 |  инфодеск  | 

Демне опасноста од нова епидемија на морбили во струшко. Откако викендов беше откриен првиот потврден случај, шестгодишно момче од село Лабуништа, кое е хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје, ЦЈЗ  засилено работи на откривање на контактите.

Откриени се пет невакцинирани деца во селото, но епидемиолозите велат немаат точен увид во списокот на имунизација , поради честите миграции на населението. Не се исклучува опасноста од проширување на болеста.

Јованка стурлакова коровешоска

„Постои можност за проширување, како што реков тоа е заболување со висок ризик на контаминозност и тоа е специфично село каде што луѓето многу често патуваат и пет шест месеци се отсутни живеат во Италија, Германија па се враќаат назад немаме податоци дали се вакцинирани” , вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска епидемилог од ЦЈЗ Охрид.

Препораките  се да се засили епидемиолошки надзор и  да се направат анализи од сите сомнителни случаи. Сите деца кои што требаше да се вакцинираат во јули  предвреме се повикни, ке бидат вакцинирани  следната недела.

„Побарано е од сите матични, односно тие се само потсетени на нивната законска обврска дека секој сомнителен случај на мали сипаници со исип обавезно да биде пријавен во одделението за епидемиологија при ЦЈЗ Охрид, со цел да се земе крв од заболеното лице да се потврди или да се отфрли заболувањето мали сипаници”, додава Стурлакова Коровешоска.

Вакцинацијата против мали сипаници се спроведува континирано и задолжително со 2 дози на МРП вакцина.  Во земјава  опфатот со првата доза  во 2023 година изнесува 73,4%, а во Струга е 82,9%. Опфатот се ревакцинација на национално ниво  изнесува 87,7%, а во Струга е 93,9%. На ниво на општина Струга во 2019 година беше прогласена епидемија на морбили.

Новинар Соња Рилковска