Skip to main content

Демне опасност над струшката градинка

Итно треба да се сменат покривите на двата објекти од струшката градинка „8ми Март“.

 |  Билјана Николовска  | 
gradinka
градинка

gradinkaПрокапе покривот на струшката градинка 8 ми Март. Овој проблем се јави во двата објекти кои ги поседува оваа установа, „Пеперутка“ и „Сонце“. Во моментов сите деца се во просториите на градинката Сонце, заради побезбедни услови. Но колку е таму побезбедно со сигурност неможе да се каже. Директорката на оваа установа Флора Емуш, вели дека сериозно е загрижена за одговорноста која и ја носи функцијата, бидејќи во моментов се соочуваат со големи проблеми, покривите на двата објекти капат, истите се канцерогени, паѓаат лустери на сред воспитно образовен процес и друго. Емуш вели дека од денес градинката се вклучува во државниот проект „Ние немаме резервна планета“, како поблиску би стигнале до посакуваната цел, еко – градинка, а воедно ќе се борат за зелено знаме како признание за тоа.
gradinka

Педагогот Душанка Опетческа, која има големо искуство во работата, цели 35 години, вели дека во текот на нејзиниот стаж многу работи се изменети и работат со збогатени искуства, посебно денес кога ги следат европските трендови. Чекорот за еко градинка е сериозен пристап кон подигање на свеста кај децата, но и кај сите, додава таа.
Координатор на проектот е Жаклина Јанкулоска. Таа потенцира дека во овој проект вклучени се сите структури од градинката од директорот па се до готвачот. Инаку градинката 8 ми Март работи во два објекти „Пеперутка“ и „Сонце“. Пеперутка е изградена во 1961 год и од тогаш па досега не е направен ниту еден посериозен зафат, поточно нема сериозна инвестиција. И во објектот „Сонце“ кој е изграден во 1971 година состојбата е слична цели 40 години. Малку невообичаено е денес во 21 век во занималните кај најмладата популација да се регистрира слика со легени кои се поставени да ја собираат водата од зидивите каде што капи, а воедно и истите претставуваат и потенцијална опасност од рушење. Од струшкиот сектор за образование, Џеми Хајредини беше затечен од состојбата и ни кажа дека првпат слуша за тоа од нас, иако директорката на градинката Емуш, рече дека сите институции во општината па и во државата лично од неа биле запознаени со состојбата во струшката градинка.