Во општина Вевчани, вчера се одбележа Денот на Европскиот зелен појас.
Во Мултикултурниот Центар во Вевчани се одбележа Денот на Европскиот зелен појас, во организација на Македонското Еколошко друштво, со бројни учесници од еколошките друштва од околината. Особена чест и задоволство е што овој настан е посветен токму на планината Јабланица и нејзините природни вредности. Очекуваме процесот на прогласување на Јабланица за национален парк што поскоро да заврши – истакна градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочоски.