Skip to main content

Светскиот ден на здравството одбележан во Струга

На стружани бесплатно им се правеа тестови за холестерол, мерење на крвен притисок и шеќер во крвта. Акцијата по повод денот на здравјето помина поздравена од населението, а работно за екипите на итната медицинска помош.

 |  Билјана Николоска  | 
pregledi
прегледи

Бесплатните превентивни прегледи добредојдени за стружани. По повод 7 ми април светскиот ден на здравството, во Струга, пред хотелот „Београд“, и во село Радожда, се вршеа бесплатни прегледи на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта кај населението. Некои од мештаните за прв пат ги правеа овие анализи, други пак, кажаа, дека ваквите акции се за поздравување, бидејќи само вака се одбегнуваат големите турканици во болниците, а на добар дел не им се веруваше дека без книшка, син картон и пари може да се случи и тоа.

Кампањата за превентивни  и бесплатнни прегледи е добар потег на Министерството за здравство, сметаат медицинските лица од итната медицинска помош во Струга. Тие денес, работно, на терен, се справуваа со насобраната толпа сограѓани. Др.Виолета Голабоска рече дека само со вакви активности може да се контролира и да се види до каде е здравствената состојба на граѓаните.

merenje krven pritisokЗаедничката акција на сите релевантни институции од областа на здравството во земјава, има за цел да ја поттикне јавната свест кај населението за потребата од навремени превентивни прегледи и контроли на своето здравје. Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 ми април, кога е основана Светската здравствена организација, во 1948 год од О.Н.




{loadposition content9}