Вевчански карневал е 15 годишна традиција која не замира. Карневалот и годинава ќе биде слика и прилика на се она што се случувало во општествено- политичкиот живот претходната година во Македонија, па и во Европа. Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала ќе ги прикажат настаните на еден специфичен начин преку карневалските маски кои тие ги креираат.
Вчера вевчанци и посетителите имаа можност да уживаат во настапите на „Пајак“, „Ареа“ и „Забрањено пушење“. Интензивните врнежите од снег не ги спречија присутните да уживаат во забавата.
Денес од 19.30 часот по сите карневалски случувања, ќе настапат еден од најпознатите и најквалитетни етно-поп состави групата „Љубојна“, по нив кралот на македонска фолклорна песна Наум Петрески од 22 часот, потоа оркестарот „Зурли и тапани Вевчани“ кои ќе го означат испраќањето на стариот и почетокот на новиот ден, по нив Перо Бели и Коки Биоритам.