Денеска е Свети Наум Охридски –Чудотворец
Православните христијани денес го одбележуваат еден од најголемите црковни празници, Свети Наум Охридски-Чудотворец.
Св.Наум

Свети Наум заедно со Свети Климент Охридски се ученици на славните светители Кирил и Методиј. По завршувањето на Моравската мисија тие го продолжиле ширењето на словенската писменост и култура во областа Кутмичевица на брегот од Охридското Езеро.
Св. Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил.Таму ја развивал својата просветителска дејност. Освен по книжевната работа меѓу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе особено душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки направил и многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир.
Свети Наум се упокоил во 910 година. Неговиот гроб се наоѓа во внатрешноста на манастирот. Се верува дека поклонувањето на неговиот гроб носи здравје, душевен мир и спокој.

{loadposition content9}