Skip to main content

Денес во Струга промоција на книгата „Светило на врв планина“ – првото илустрирано житие за Св. Спаса Вишенска

Станува збор за книга за деца, првото илустрирано житие Света Спаса Вишенска, адаптирано за најмладите.
 |  инфодеск  | 

Денес со почеток во 17 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде промовирана илустрирана книга за деца „Светило на врв планина“ кое е првото илустрирано житие за Света Спаса Вишенска, адаптирано за најмладите. Авторка на текстот е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрациите се дело на уметницата Викторија Попоска. Изданието содржи седум тематски поглавја, секое придружено со визуелни изрази кои ја оживуваат приказната за младите читатели.

Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.