Skip to main content

Депонија за „мерак“

Медицинскиот отпад сериозна закана за здравјето на луѓето, во струшкиот регион.

 |  Николоска Биљана  | 
spric
шприц

Морбидна слика на струшката депонија. Употребени шприцеви со крв, хируршки ракавици, гази, системи со игли од инфузии завршуваат на депонијата на ЈП „Комунално“ Струга, која е оддалечена нецел километар од градот, позади автобуската станица на превозникот „Вакчаре“.

„Депонијата наликува на Трст-Вија-Скопје. Тука може буквално да се сретрне се, но најлошо и најопасно е што тука е расфрлан и медицинскиот отпад“.

ziteli na deponijaГлетката е уште пострашна и позагрижувачка бидејќи тука живеат неколку семејства со малолетни деца, кои секој ден претураат по ѓубрето барајќи пластична амбалажа. Во обидот да заработат за корка леб, тие се изложуваат на потенцијална зараза.

Како завршил медицинскиот отпад на оваа градска депонија, кога добро е познато дека местото му е на „Дрисла“, кое е единственот место за соодветен третман на ваков вид смет?  

Директорите на поголемите здравствени установи од Струга велат дека тие имат договор со ЈП „Комунално“, за преземање на медицинскиот отпад. Сметките што ги плаќаат за таа услуга  не се за занемарување и месечно изнесуваат и до 50 000 денари. Понатаму тие незнаат каде завршува отпадот.

medicinski otpadНадлежноста кога медицинскиот отпад завршува на јавна површина или депонија која не е соодветна, како што е во случајов, е на Министерството за животна средина, велат од државниот санитарен инспекторат.

Државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, не извести дека сеуште не излегол на терен, да ја увиди состојбата. Откако ќе го направи тоа вети дека ќе не информира. Се надеваме дека снимките во овој прилог дополнително ќе го митивираат инспекторот да ја забрза целата институционална процедура, да се посочи виновникот и истиот да сноси одговорност.

{loadposition content9}