Детонаторот одекна и во Струга
Близу 40 покер и флипер апарати, маса за рулет и платформи за играње карти и „блек џек“, пронајдени и одземени во синоќешната акција, дел од акцијата „Детонатор„ спроведена во Струга, Велешта,Вевчани и Лабуништа.
Близу 40 покер и флипер апарати, маса за рулет и платформи за играње карти и „блек џек“, се пронајдени и одземени во синоќешната акција, која во рамките на акцијата „Детонатор„ беше спроведена во Струга, Велешта,Вевчани и Лабуништа.
Акцијата беше реализирана во координација на полициските службеници со инспектори од Управата за јавни приходи во вкупно шест објекти, од каде беа пронајдени и одземени и рулет механизми, материјали за кладилници, 52 специменти-пластични жетони со парична вредност, 33 шпилови карти, 29 клучеви за покер апарати, 6 читачи за покер апарати, 9 коцки за играње, како и повеќе тетратки со евиденции за попис.
По синоќешната акција, денес, во Полициската станица во Струга, се водат разговори со лицата сопственици на нелегалните апарати и на сопствениците на објектите, каде бесправно истите биле поставени. Во текот на денешниот ден, Полициската станица од Струга, ќе поднесе прекршочни и кривични пријави.
Во акцијата, нема полициски службеници кои на било кој начин се поврзани со сопствениците на нелегалните објекти,од каде синоќа се одземените покер апаратите и другата опрема.
{loadposition content9}