Детската градинка „Пеперутка“ се гуши во отпадоци и чад
Двата контејнери поставени во близина на објектот се потенцијала опасност за предизвикување еколошка катастрофа. По три години реагирање надлежните не го решија проблемот, вели директорката. Комуналните инспектори се правдаат превземаат мерки но залудно.
| Билјана Колска | Струга
градинка
Двата контејнери поставени во близина на објектот се потенцијала опасност за предизвикување еколошка катастрофа. По три години реагирање надлежните не го решија проблемот, вели директорката. Комуналните инспектори се правдаат превземаат мерки но залудно.
Двата контенјери ноќна мора за детската установа „Пеперутка“. Вработените веќе три години се справуваат со овој горлив проблем. Двата контејнери кои првично беа поставени пред приватните куќи, полека се дотркалаа пред објектот на градинката. Сега тие се поставени веднаш до тротоарот, речиси на среде улица. Истите и предизвикуваат бројни проблеми на детската установа, посебно кога се преполни со отпадоци.
Градинката „Пеперутка“ сериозен проблем има во посебно во зимскиов период. Жителите од овој дел на градот во нив фрлаат пепел а со тоа отпадоците во контенјерите постојано горат, кажува директорката.
Директорката во неколку наврати реагирала до надлежните да превземат мерки со цел да се отстранат контенјерите но досега никој не реагирал за решавање на горливиот проблем.
Комуналните инспектори излегле на лице место, ги поставиле контенјерите на локацијата каде биле претходно, но повторно поединци ги вратиле пред детската установа. Додаваат оти во неколку наврати превземале мерки за да се реши овој проблем.
Единствено проблемот може да се реши само доколку советот формира нова комисија за комунални дејности, да се излезе на терен и да се види кои места во градот соодејствуваат за поставување на контенјери. Очигледно е дека проблемот ќе потрае најмалку уште 3-4 месеци, додека не профункционира новиот совет на о.Струга.

{loadposition content9}