
Дечињатата од градинката Јоуддг „Планински Цвет“ од Вевчани како најсјајни звездички го разубавија плоштадот во Вевчани. Малите актери одсликаа една преубава Божиќна приказна и ги стоплија срцата на секој присутен на Новогодишно – Божиќниот базар. Дечињата се израдуваа на Дедо Мраз кој им поклони подароци, на Џеј Џеј и Елза кои се нивните омилени ликови од цртаните филмови.



Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, со големо задоволство ја потврди успешната реализација на Новогодишниот базар од страна на Детската градинка Јоуддг “Планински цвет”.

-Да се множат ваквите настани, кои ја носат магијата на празниците и создаваат незаборавни спомени! Нека продолжи радоста и во годината што доаѓа! – изјави градоначалникот Кочовски.



