Skip to main content

Здружение мостови на струга

Детска трка на 20 мај во Струга

Оваа година еден ден пред „Трка на поезијата“, на 20 мај дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани, кои ги памети и создава нашата убава Струга, велат организаторите.
 |  инфодеск  |  ,
Детска трка во Струга

Во рамките на атлетската манифестација „Трка на поезијата“ што годинава ќе се одржи на 21 мај во Струга, ден претходно ќе се реализира и „Детска трка“, соопшти здружението „Мостови на Струга“.

Според организаторот, детската трка ќе се реализира во пет категории за деца од четири до 13 години.

Оваа година еден ден пред главниот настан, на 20 мај дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани, кои ги памети и создава нашата убава Струга. Натпреварувањето ќе биде во пет категории: прва категорија за 4 и 5 годишна возраст трка на 100 метри, втора категорија за 6 и 7 години и трета за 8 и 9 години на 200 метри, за децата од 10 и 11 и за 12 и 13 години трките ќе бидат по 400 метри – информира здружението.

Регистрациите за детската трка се отворени од 20 март до 05 мај на официјалниот сајт на трката (www.poetryrun.mk), бројот на учесници, според информацијата, ќе е ограничен за сите категории.