Skip to main content

Утре дезинсекција против комарци на територија на Општина Струга

-Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, апелираат од Општина Струга.
 |  инфодеск  | 
Струга прскање комарци

На подрачјето на општина Струга на 25.06.2024 год. (вторник) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.

Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 20:00 ч., до рано наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.

-Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите, апелираат од Општина Струга.

Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.