Известување за дезинсекција против комарци на територијата на Општина Струга

Општина Струга ги известува граѓаните и пчеларите дека на 18 јуни 2024 година ќе се спроведе терестријална (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарците на целата територија на општината.
Третманот ќе започне во вечерните часови, од 20:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови, со употреба на УЛВ апарати за ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места на подрачјето на Општина Струга.
Од Општината апелираат до пчеларите и пчеларските здруженија навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на третманот.
Доколку се појават неповолни временски услови, како што се ветер или дожд, дезинсекцијата ќе биде одложена и реализирана во првиот нареден ден со поволни временски услови.




