Skip to main content

Во четврток ќе се врши дезинсекција против комарци во Вевчани

Доколку временските услови не бидат поволни, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се реализира првиот нареден ден со соодветни временски услови.
 |  инфодеск  | 

Општина Вевчани ги известува граѓаните дека на 30 јули 2026 година (четврток), со почеток во 22:00 часот, ќе се спроведе дезинсекција на возрасни комарци од земја на повеќе локации низ општината.

Акцијата ќе ги опфати: околината на Вевчанските извори, по течението на Вевчанска Река, Таложник (околу пречистителната станица), околу вештачкото езеро Јанков Камен, локалната улица „Стружанка – Здравствен дом – Средсело“, локалната улица „Стружанка – Средсело – Вевчански Извори“, локалната улица „Бералиште – Даскалој – Чочорој“, локалната улица „Пазариште – Варвара – Фарма“ и локалната улица „Трансформатор – Бубаној – Јанков Камен“.

Доколку временските услови не бидат поволни, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се реализира првиот нареден ден со соодветни временски услови.