Дигитален концепт на учење во ФОН
Лап топ компјутерите за новите и постоечките студенти веќе се обезбедени.
Сефер Цаноски
Лап топ компјутерите во Фон веќе се обезбедени. Дигиталниот концепт на учење во овој универзитетот може да започне во секој момент, информираат од оваа високо образовна институција. Новиот концепт на учење ги опфаќа сите факултети во склоп на овој универзитет, вклучуваќи ги и новите групи во Струмица и Гостивар.
„Студентите ќе можат постојано да се во контакт со нивните колеги и професорите. Со тоа автоматски нема да има постојано чекање по врати. Останатото време ќе се искористи за повеќе учење“-вели Сефер Цаноски, менаџер во ФОН-универзитетот.
Студентите на ФОН-универзитетот со дигиталниот концепт ќе бидат чекор напред до современото образование. 90% од литературата ќе биде во електронска форма. Професорите на оваа високо образовна институција веќе се подготвени за новиот концепт на учење.
Доц. д-р Зоја Катру, професор на Факултет за детективи и безбедност, вели дека новиот концепт на учење не е маркетинг на ФОН за придобивање суденти, туку навистина имаме потреба од тоа, доколку сакаме да бидеме во тек со современата технологија. Овој проект се подготвува веќе 2 години. Во текот на летниот период, професорите на ФОН ќе се обучуваат како да се прилагодат на дигиталниот концепт на учење.
Програмата е многу едноставна и истата е специјално направена за студентите, затоа вели Цаноски, убеден сум дека тие многу лесно ќе се снајдат. Доколку има потреба, и на студентите ќе им овозможиме обука за приспособување на новиот начин на учење, потенцира Цаноски. Инвестицијата на основачот на ФОН, за реализација на овој проект е чекор напред до квалитетното образование, ништо повеќе, додаде менаџерот Цаноски.

{loadposition content9}