Директорот на УНЕСКО во посета на Македонија
По повод златниот јубилеј на реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ денеска и утре, во официјална посета на Република Македонија ќе престојува генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова.
Како што соопшти Министерството за култура, во текот на денешниот ден, Бокова придружувана од министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО Елизабета Канческа-Милевска ќе го посети Музејот на вода во Охрид, а во вечерните часови ќе присуствува на презентацијата на поетскиот портрет на годинашниот лауреат на СВП, Матеа Матевски.
Утре, директорката на УНЕСКО, во рамките на „Струшките вечери на поезијата“ ќе има и свое обраќање на меѓународниот митинг на поезијата „Мостови“, а воедно ќе ја врачи и наградата на УНЕСКО за најдобар млад поет.
Генералниот директор на УНЕСКО, во рамките на својот престој во Република Македонија ќе го посети и манастариот „Св. Јован Бигорски“ за кој оваа организација даде ургентна помош за обнова за опожарениот споменик на културата.
{loadposition content9}