Директорите на струшките училишта потпишаа меморандум за мир и толеранција
Целта е да се упати апел да не се дозволи злоупотреба на учениците и насилство во училиштата за време на предизборниот период.
Младинскиот Центар од Струга ги собра сите директори на струшките јавни и приватни образовни установи. Целта на средбата беше потпишување меморандум, со кој директорите треба да се залагаат за мир и толеранција во училиштата во престојниот предизборен период. Меморандумот значи отпочнување на една значајна соработка помеѓу струшките училишта, вели Бранкица Затаракоска од МЦ Струга.
„Иницијативата покрената од директорите на училиштата, поддржана од граѓанските организациии и општина Струга, дојде до идеа да оформи меморандум за зедничко делување кој што сите директори на ниво на општина Струга го потпишаа“.-рече Бранкица Затаракоска од Младинскиот центар од Струга.
Директорите на струшките училишта настапија со заедничка изјава. Во дел од неа се вели „Свесни дека изворот на најголемото богатство на мултикултурата во Струга се наоѓа во долгогодишната традиција која секогаш ја негувала толеранцијата и разбирањерто на сите граѓани кои што живеат во неа и свесни дека младите ученици може да се злоупотребат за политички цели во предизборниот период“.
Па отука директорката на ОУ „Гоце Делчев“ од Јабланица Марина Маркоска ги спомна заедничките залагања на сите директори.
„Ќе сториме се што е во наша моќ да ги одржиме добрите односи помеѓу учениците преку превентивни мерки за намалување на насилството во нашите училишни дворови, а со тоа да не дозволиме младите да бидат искористени за било какви цели, кои можат да придонесат кон дестабилизација на мултиетничката средина. Заеднички ќе соработуваме, ќе поддржуваме и интензивно ќе комуницираме за да ги пренесеме пораките за мир и толеранција до родителите, наставниците и учениците.“-вели директорката на ОУ „Гоце Делчев“ од село Јабланица, Маja Маркоска.
Директорите исто така ги повикаа и останатите граѓани да се воздржат од било какво насилство и со сите сили да придонесат во негување на мирот и толеранцијата, како и во подобрувањето на меѓуетничките односи во Струга.
{loadposition content9}