Поради исклучително неповолната метеоролошка прогноза што предвидува поројни дождови во попладневните часови во Струга, во среда на 24.08.2022, во термин кога на отворен простор, пред платото на Центарот за култура беше предвидено да се поставува масивна опрема за осветлување и озвучување и која може да претрпи оштетувања во услови на дожд, покрај веќе поставената сценографија, а исто така и прогноза за поројни дождови во четврток попладне 25.08.2022, на неколку часа пред терминот за одржување на свеченото отворање предвидено на вообичаената локација, платото пред Центарот за култура, бевме принудени да донесеме одлука за промена на локацијата на свечното отворање за да го минимизираме ризикот од откажување на настанот, велат организаторите на Струшките вечери на поезијата.
Летната тераса на хотел „Дрим“, на којашто изминатите две години беше одржувано свечното отворање, оваа година е изнудено решение, што ќе понуди еден модифициран концепт на свеченото отворање во однос на оригиналниот, еден навистина смел концепт што вклучува авторска преработка на една од најпрепознатливите песни на фестивалот од страна на реномиран музички бенд, инвентивно сценографско решение, впечатлив графички дизајн и сето тоа под водство на една од нашите најпознати режисерки, што беше замислен да се изведе на платото пред Центарот за култура, додаваат оттаму.