Диви оси – нови соседи на семејствто Петкоски во Струга
За само 20-тина дена инсектите изградиле кошница на црешата во нивниот дом.
Семејството Петкоски во својот двор доби нов сосед. За само 20-тина дена, додека тие биле на летување, на црешата во нивниот двор, се доселиле рој диви оси. Вретеноидна кошница, со кафеаво бела доја виси на гранките од дрвото, веднаш до домот на Петкоски. Зачудени се што за толку брзо време инсектите го изградиле нивниот дом.
„На почетокот кошницата беше мала, но за многу краток период изградија поголема, и со отвор за некој сантиметар поголем од оној кој беше на почетокот“-раскажува Владо Ѓоровиќ.
Не не плаши фактот што во нашиот двор има кошница со диви оси, но сепак очекуваме опасност бидејќи тука играат нашите деца, раскажува соговорникот Инсектите стануваат агресивни кога ние ќе ги вознемириме, додава истиот.
„Јас пред некој ден случајно ја повлеков гранката и веднаш излегоа 20тина оси, но за среќа не напаѓаа. Со еден убод од оса се здоби шараџија, кој ги сечеше дрвата во нашиот двор“-раскажува Ѓоровиќ.
Соседите се чудат, дури и ловџиите кои постојано се во планина, ваква кошница во форма на рагби топка, досега не виделе, раскажува соговорникот.
Сите со свои објаснувања, зошто баш тука, осите го изградиле својот дом.
„ Најверојатно тука си најдоа мир. Ова место од градот е спокојно, затоа и тука се населија“-бели соседот Стојан Петкоски.
Сега пак, засегнатото семејство е на дилема. Се двоумат што да прават со домот на дивите оси.
Сакаме да ја зачуваме кошницата, но да ги нема дивите оси, велат соговорниците. Што е најпаметно, бараат стручен совет од пчеларите.