До петок е отворено приајвувањето за сите заинтересирани за учество на кајакарската регата во Струга – „Кајак за сите”, а која ќе се одржи во недела со почеток од 11 часот пред „Мезе-бар Кингстон”, настан кој веќе го најави ТВМ.
Критериум за учество е секој учесник да знае да плива и да не е активен спортист, а пријавувањето е бесплатно. Трките ќе се реализираат квалификациски во групи од 3 натпреварувачи на 100 метри на потегот од „Кингстон” до Новиот мост. За секој натпреварувач обезбеден е стабилен кајак (фалбут), безбедносен елек и весло.