Докажан политичар, добар познавач на повеќе области од науката
„И по бројните обврски, успеавме нашите децата да ги извадиме на прав пат. Тоа се должи пред се на мојата сопруга“, вели нашиот соговорник.
Џевдет Насуфи

Од Струга, денес ви го претставуваме претпоследниот кандидат за градоначалник, Џевдет Насуфи од Нова демократија. Со своите 61 година, потенцира дека искуството во политиката го натерало да конкурира за оваа функција.
Џевдет Насуфи – докажан политичар, добар познавач на науката и вешт менаџер во приватниот бизнис. Вака кандидатот за градоначалник на Струга од Нова Демократија, се опиша на професионален план. Поезијата му е во срцето и вели оти умее да биде романтичар. И покрај обврските, речиси секој ден има резервирано термин за пешачење. Тоа се само дел од активностите со кои Насуфи го исполнува слободното време.
Околу 10-тина години, Насуфи целосно беше посветен на политиката, односно беше дел од владата на Р.Македнија. „Во тој период, 90% од времето бев на пат, па речиси и да неможев да ги видам моите деца. Мојата професионалност негативно се одрази врз моето семејство“- раскажува Насуфи и додава „Фала му на господ, моите деца се на прав пат. За тоа голема заслуга има мојата сопруга, која умее да биде голем домаќин и менаџер на приватниот бизнис. Не се каам што неуморно работев, бидејќи тоа пред се го правев за доброто на моите деца“ додава тој.
Од досегашниот заеднички живот, во семејството Насуфи разбирањето секогаш било на прво место. Велат дека во овие 33 години, имале совршен брак.
Сопругата на Џевдет вели дека веќе е навикната нејзиниот брачен партнер постојано да биде со обврски, не очекува оти градоначалничката функција ќе донесе нови промени во семејството. За кандидатот, поимот градоначалник има големо значење.
61-годишниот Насуфи е универзитески професор. Во минатото, одреден период се занимавал и со новинарство, а за време на студентските денови бил и актер.

{loadposition content9}