Skip to main content

Добар повод за посета

СОУ „Ибраим Темо“ денес го одбележа својот патрон. Со едночасовна културно уметничка програма, на три јазици, македонски, албански и турски, учениците докажаа дека ова училиште не е веќе место на немири туку поле на меѓуетнички соживот.

 |  Билјана Николовска  | 
patron
патрон

merko na oroСОУ „Ибраим Темо“ денес го одбележа својот патрон. Со едночасовна културно уметничка програма, на три јазици, македонски, албански и турски, учениците докажаа дека ова училиште не е веќе место на немири туку поле на меѓуетнички соживот.

„Ибраим Темо“ е дел на првата гимназија во Струга која била основана во далечната 1960 год, со 123 ученици распоредени во 3 паралелки, 2 на македонски 1 на албански јазик. Во присуство на голем број ученици, гости, професори и видни личности од Струга и пошироко, учениците денес докажаа дека се надминати бариерите на меѓуетничка нетолеранција и меѓу нив попстои соживот. За делото на Др. Ибраим Темо и досега постигнатиот напредок говореше заменик директорот на оваа гимназија, Соња Столеска.
Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко фасциниран од денешната програма по повод патронот, рече дека задоволен е од состојбата во училиштето и не бега од ветеното. Тој рече дека во догледно време Струга ќе добие две нови средни училишта.
Новиот директор на СОУ „Ибраим Темо“, Урим Крека рече дека успеале да го подигнат нивото во воспитно-образовниот систем. Тој додаде дека денес во училиштето во кое се учи на три јазици ,македонски, албански и турски, успеале да се докажат дека се добар пример на соживот во мултиетничка средина, по кој треба да тргнат сите.
Одбележувањето на патронот на СОУ „Ибраим Темо“ беше проследено со богата културна уметничка програма. Учениците умешно се докажаа пред присутните преку своите литературни, драмски и музички изведби. Сите присутни со внимание го следеа нивниот настап. На крај и градоначалникот Рамиз Мерко заедно со неговиот советник по образование Џеми Шеј  не останаа рамнодушни па се приклучија на орото рака за рака со учениците.
{loadposition content9}