Skip to main content

Добредојдена помош

Велигденските празници им донесоа радост и на членовите на семејството Митреви. Ова социјално загрозено семејство денес доби помош од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Билјана Николовска  | 
atanasko mihailov
Атанаско Михаилов
MitreviСторијата која ТВМ ја направи за Митреви кај многу граѓани ја разбуди хуманоста. Се насмевнаа лицата на Митреви. Ова семејство денес го посети претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, со дел од неговиот тим. Станува збор за петтчленото семејство кое е социјален случај и за кое ТВМ во неколку наврати инфомираше. Како што е познато, Митреви живеат на раб на егзистенција и се борат со тешка немаштија, без струја и основните елементарни услови на живот. Михаилов рече дека за ваквите семејства мора да има посериозен институционален пристап и порача сите кои се во можност да помогнат колку што можат.
Михаилов рече дека и на други загрозени семејства Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ќе им помогне колку што може.
Аце Митрев и оваа прилика ја искористи да му каже на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ колку е тежок неговиот живот, но не ја изостави и благодарноста.
Бедата на Митеви е голема. После нашата сторија  во нивното скромно живеалиште повремено доаѓаат  хумани луѓе кои им помагаат. Многумина сочувствуваат со нивната мака, но сепак за овој случај треба да се погрижат надлежните. Посебен апел до центарот за социјални работи кој во вакви случаи треба навремено и соодветно да реагира, пред се за заштита на децата.

{loadposition content9}