Додека во Охрид се уриваат објектите на плажите, во Струга угостителите се подготвуваат за летната сезона
Пред почетокот на новата туристичка сезона, на десеттината плажи на струшкото крајбрежје угостителите се подготвуваат за гостите. Градоначалникот Рамиз Мерко тврди дека во Струга нема дивоградби во заштитениот појас. Но и во Струга, исто како во Охрид на концесионерите им се истечени договорите. Во однос на палењето на трската во Калишта пред туристичката сезона , струшкиот градоначалник е дециден дека нема да дозволи дивоградби на тој потег.
Пред почетокот на новата туристичка сезона, на десеттината плажи на струшкото крајбрежје угостителите се подготвуваат за гостите. Градоначалникот Рамиз Мерко и натаму на истиот став, треба да се гради за привлекување на што повеќе туристи. Плажите треба да бидат уредени за гостите да може да уживаат во благодетите во крајбрежието , а не запуштени и преполни со отпад. Мерко тврди, струшките концесионери плаќаат редовно закупнина.
„Ние не мислиме негативно, ние секогаш размислуваме позитивино. секогаш велам дајте да градиме туристички капацитети дека се бараат, а ние како локална им стоиме на располагање ние сакаме да имаме привлечен град не само за туристи од државата туку од цел свет“ , вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.
Во однос на палењето на трската во Калишта пред туристичката сезона , струшкиот градоначалник е дециден дека нема да дозволи дивоградби на тој потег. Со одлука на совет задолжени се јавните претпријатија да ги исчистат сите јавни површини покрај брегот, но тврди градби нема да има.
„Нема шанса некој да гради во тој дел каде е јавен имот. Особено ние како локална самоуправа еве јавно кажувам нема да дозволиме во никој случај некој да гради тврди градби во тој потег“, додава Мерко.
Разрушени плажи, без шанкови, лежалки, чадори, санитарни чворови и интернет , ќе го вратат туризмот децении наназад, велат туристичките работници. Покрај десеттината угостителски објекти, кои работат на градските плажи во Струга, во струшко Радожда има уште десеттина летни тераси, кои не се совпаѓаат со Планот за управување со Охридското езеро и препораките на Унеско.