Skip to main content

Судење за случајот Веапоска

Докторите кои на Веапоска ѝ извадија три органи, ѝ го спасиле животот, тврди вештакот на одбраната

Продолжи судењето за родилката од Дебар на која при породување во струшката болница и беа извадени три органи. Во судот беше презентирано ново вештачење по предлог на одбраната, кое е сосема спротивно на првото вештање. Наспорти судските вештаци кои винта ја лоцираа во лекарите, професорот од Медицинскиот факултет д-р Драге Дабески тврди дека лекарите направиле се да ја спасат родилката.
 |  инфодеск  | 

Со распит на професорот од Медицинскиот факултет во Скопје,  Драге Дабески  продолжи судењето за родилката од Дебар, која при породување во 2020 година во струшката болница остана без три органи бубрег, јајници и матка.

Вечтачењето на Дабески изработено по барање на одбраната е сосема спротивно на првото вештачењена од судска медицина.  Во својот  наод професорот тврди дека лекарите направиле се за да ја спасат родилката. Но, не се знае  како настанало крварењето на бубрежната артерија. Oштетените не го признаваат ова вештачење.

„Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствијата кои ги превзеле односно што не ги превземале. Верувам дека и самиот Суд е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно да бремена жена влезе здрава права во операциона сала а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија“, вели Јанев Сашо, адвокат на  оштетената.

Адвокатот на третообвинетата лекарка вели ќе следува усогласување на двете вештачења кои се потполно контрадикторни.

„ Многу е битно дали ке се усогласат вештаците за да не се одолговлекува постапката а дали јас ке предложам нпви сведоци тоа ке зависи од усогласувањето. Има јаз медицински различни и спротиставени тврдења дали било неопходно да се направи хистероктомија и како настанале крварењата“, вели Александар Новакоски адвокат на третообвинетата.

Веапоска, бара правда  тврди дека лекарите и упропастиле животот и од неа  направиле инвалид.

„Во неговото вештачење појаснува дека докторите кои се обвинети ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и со тоа што ме оставиле половина чоек, но како ми го спасиле мојот живот кога мене ме пратиле за Скопје и повторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена, бев во кома“, изјави Веапоска.

Според обвинението првообвинетиот Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата Лилјана Јованоска, лекар-гинеколог акушер се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето и примена на најподобни средства при лекувањето.

Новинар Соња Рилковска